За еден месец откупени над 10.000 тони тутун, просечна цена 186 денари

15.01.2016 13:52

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, исплатата во актуелната реколта е реализирана со 76 насто и досега се исплатени нешто повеќе од 23 милиони евра.

За еден месец се откупени над 10 илјади тони тутун од годинашната реколта, соопшти Министерството за земјоделство. Просечната откупна цена е 186 денари по килограм, а кај одредени откупувачи и над 190 денари.

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, исплатата во актуелната реколта е реализирана со 76 насто и досега се исплатени нешто повеќе од 23 милиони евра.

Откупот се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места, а динамиката тече без проблем и според договорите меѓу тутунопроизводителите и откупувачите, велат од ресорот.

Од реколта 2015-та  се очекува да бидат откупени над 20 илјади тони тутун.