Идниот петок Орешковиќ ќе ја претстави новата хрватска влада
15.01.2016 13:55
Мандатарот Тихомир Орешковиќ пред парламентот ќе ја претстави својата нова влада и нејзината програма.

Претседателот на хрватскиот Сабор, академикот Жељко Реинер најави за во петок на 22 јануари, прво редовно заседание на новиот состав на саборот, на кое мандатарот Тихомир Орешковиќ пред парламентот ќе ја претстави својата нова влада и нејзината програма.
Свикувањето на седницата во петок, кога би требало да се потврди и новата влада на Република Хрватска и да се изберат одбори, Реинер ја објасни со цел да не се прават дополнителни трошоци, јави Хина.
