Апелација ја потврди пресудата за случајот „Фаланга 2“
Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман ќе одлежат затворски казни за трговија со артефакти...

Скопска Апелација ја потврди првостепената пресуда за случајот „Фаланга 2“. Шестмина обвинети меѓу кои и екс- директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман ќе одлежат затворски казни за трговија со артефакти.
Кузман е осуден на 3 години затвор затоа што издал согласност на физички лица за изведување земјени работи на две локации со цел проверка на наводите за постоење културно–историско наследство.
Првообвинетиот, поранешниот раководител на одделението за превенција во Управата за заштита на културно наследство, Бојчевски беше осуден на седум и пол години затвор за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба,тешка кражба и прикривање.
