Вонредна состојба во Тајланд

21.01.2014 18:24

Тајландската влада воведе двомесечна вонредна состојба во Бангкок и во соседните провинции, во намера да ги задуши протестите што почнаа пред два месеца, како резултат на неуспешниот обид да се воведе закон за амнестија, којшто би му овозможил на протераниот поранешен премиер Таксин Шинаватра, братот на премиерката Инглук, да се врати во земјата. Демонстрантите го обвинуваат семејството Шинаватра за корупција. Вонредната состојба стапува во сила утре.

Тајландската влада воведе двомесечна вонредна состојба во Бангкок и во соседните провинции, во намера да ги задуши протестите што почнаа пред два месеца, како резултат на неуспешниот обид да се воведе закон за амнестија, којшто би му овозможил на протераниот поранешен премиер Таксин Шинаватра, братот на премиерката Инглук, да се врати во земјата. Демонстрантите го обвинуваат семејството Шинаватра за корупција. Вонредната состојба стапува во сила утре. Со тоа ќе се воведе полициски час, приведување без обвиненија и цензура на медиумите. Исто така ќе се забранат и какви било собири во Бангкок.