2 милиони евра од ЕБОР за велешки „Брако“ за нови инвестиции

15.01.2016 15:20

Средствата ќе се искористат за воведување на нова енергетски ефикасна опрема за производство на жичани производи и преработка на метал...

Фабриката „Брако“ од Велес доби 2 милиона евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за нови инвестиции.

Средствата ќе се искористат за  воведување на нова енергетски ефикасна опрема за производство на жичани производи и преработка на метал, што ќе ја подобри нејзината конкуренција на странските пазари.

Досега Европската банка инвестирала во 99 проекти во земјава, во нето вредност поголема од 1,6 милијарди евра.