Сирија пред сoстанокот во Женева

21.01.2014 18:27

Сириската јавност живее во исчекување за тоа што ќе се случи на Мировната конференција во Женева на која ќе се расправа за иднината на земјата.

Ден пред Меѓународната мировна  конференција  некои се оптимисти,  некои  песимисти, но некои пак се надеваат дека работите конечно ќе тргнат на подобро зашто  подобро е да се разговара за мир отколку да се војува.

На состанокот во Дамаск меѓу политичарите, новинарите и граѓанските  здруженија преовладуваше заложбата  дека  Женева треба да биде почеток на дијалог меѓу Сиријците.

-Ако е време за преговори, тогаш и сите влијателни фактори треба да дадат свој придонес, зашто во спротивно, нема да има крај на оваа проклета војна која сите не врати  многу назад, рече Илјас Мурат, претседател на новинарската унија на Сирија.

За нас е битно што ќе се случува во наредниот период во земјата.  Ќе имаме многу работа, а пред нас се и нови избори.

Во главната сириска метропола Дамаск, луѓето за момент  како да ги  заборавија тешките воени  денови. Сите се обидуваат секојдневието да го живеат понормално и попристојно надевајќи се дека можеби  ќе се изнајде  трајно решение на тригодишниот крвав конфликт.

-Се надевам дека позитивната енергија ќе ги потисне мрачните сценарија за иднината на земјата. Многу сум возбуден поради ова, вели Сириец.

-И двете страни треба да се согласат на компромис во полза на целиот народ зашто веќе многу сме изморени, рече Сириец.

Денешните сириски медиуми потсетуваат на податоците дека  во  неколкугодишниот крвав судир загинале над 100 илјади цивили, над 2 милона Сиријци ги напуштиле своите домови и дека во земјата секуларноста се урна како кула од хартија и дека владеат хаос, страв  и безредие. Ќе треба да помине многу време за земјата да застане на нозе.   

Мирјана Василева