Нека биде како во Вараждин и во Белград
На криљата на одличните 50-тина минути, против Франција се полнат акумулаторите, се темпира потребната атмосфера за ривалот кој е во потесниот круг на фаворити за медал...

Македонија – Полска трет пат на големите настани, по победите на нашите момчиња пред четири години години во Србија на Европското и на Мундијалот 2009 во Хрватска. Но, ова е сосема поинаква ситуација, во која пољаците се загреани, конечно да ни се одмаздат и да ја задоволат публиката во Краков која има големи очекувања од овој шампионат.
Тоа воопшто не ги менува плановите и стратегијата на Ивица Обрван и секако дека не треба да влијае врз решеноста на македонската селекција да влезе со сите сили во двобојот. На криљата на одличните 50-тина минути, против Франција се полнат акумулаторите, се темпира потребната атмосфера за ривалот кој е во потесниот круг на фаворити за медал...
„Да не се залажуваме, без разлика на нивниот ефект во мечот со Србија, ова е опасна селекција која е и доволно искусна за вакви настани и игра на свој терен. Но, ние имаме тактика и сили да ја продолжиме традицијата со Полска на големите настани“. Одиме на победа“, порача нашиот капитен Кире Лазаров.
Полска не воодушеви против Србија, и како и другите фаворити овде тешко славеше во првиот меч. Слабостите на противникот се анализираат и мора да се искористат, но и да се коригираат сопствените грешки.
„Треба да се има предвид дека тоа беше прв натпревар за нив, и дека против нас ќе играат многу подобро, помотивирано и поорганизирано и во одбрана и во напад“, изјави нашиот прв голман Борко Ристовски, кој имаше 10 одбрани на дуелот со Франција.
Бидете со Македонската телевизија и со преносот од 20.30 часот и бодрете ја Македонија која ќе се бори и против 15.000-та , бучна публика во Таурон арената во Краков.
Југослав Костовски
