Позитивни реакции за раст на минималната плата
Ке се подобри животниот стандард ,ке се зголеми продуктивноста на работникот и интересот за работа во ниско платените индустрии.. Работодавачите со позитивни реакции за растот на минималната плата .
,,Мораме да градиме политика која ке ги задржи нашите квалитетни работници во нашите компании и ке остави порака дека Македонија секако и покрај напорите да привлечеме повеке инветитори нема неквалификувана работна сила,, - рече Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи

И текстилците и кожарите кои минималецот ќе го зголемуваат етапно,очекуваат новата мерка да стимулира поголема понуда на работна сила , што сега е проблем во овие ниско платени сектори.
,,Сметаме дека треба да има многу поголеми плати за да се привлече работна сила во индустријата и позитино е тоа штое поврзано со нормите,,- вели Марјана од Кластер за текстил
,,Растот на платите добро ке делува на најниско платените гранки како текстилната индустрија,,- вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на РМ
Синдикатот и инспекторатот да контролираат , на сметка на покачувањето на минималецот , работодавачите да не ја намалат просечната плата во целина и да не отпуштаат вработени.. Експертите велат – зголемувањето на минималната плата ке ја зголеми потрошувачката , ке има позитивни ефекти врз економскиот раст
,,Ке се зголеми понудата на работна сила што ке го намали јазот на понудата и побарувачката во земјата ,затоа што намалени придонеси и давачки од една страна и зголемени плати од друга страна ја зголемуваат заинтересираноста на одредени лица да бараат работа – е ставот на Томе Неновски
Договорот за покачување на минималната плата од 8050 на 10 080 денари е резултат на интензивниот дијалог што Владата го води со синдикатот и работодавачите со цел подобрување на стандардот на работниците.