Хан: Политичките партии да се држат до договорот од Пржино
Ќе биде одлично ако и изборите се спроведат во овој дух, каде сите ќе бидат посветени на тоа. Во секој случај, ги повикувам сите играчи во земјата да се држат до договорот од јуни и јули, порача Хан...

Ги повикувам политичките партии во Македонија да се држат до договорот од Пржино, порача денеска еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија.
Ќе биде одлично ако и изборите се спроведат во овој дух, каде сите ќе бидат посветени на тоа. Во секој случај, ги повикувам сите играчи во земјата да се држат до договорот од јуни и јули, порача Хан.
Потврдувајќи дека 5 јуни како ден кога ќе се одржат изборите бил исто така на маса во преговорите во петокот, Хан рече дека негова поента е едноставно да се гарантираат изборите.
Важно да се има избори според нашите стандарди со цел да се поврати кредибилитетот на земјата. Ова е важно и за да се има следен чекор, да се убедат нашите земји- членки да почнат преговори, истакна Хан.
