44 милиони денари за обука и субвенционирано вработување

18.01.2016 12:37

Преку комбинирање на овие две мерки годинава треба да се вработат 333 невработени лица...

Со средства во висина од 44 милиони денари во наредниот период преку комбинирани мерки за обука и субвенционирано вработување ќе се вработуваат лица од социјално ранливите категории, долгорочно невработени, постари лица над 50 години, како и млади до 29 години.

Според заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, преку комбинирање на овие две мерки годинава треба да се вработат 333 невработени лица.

Предвидена е субвенција за обука од 6.200 денари месечно по лице во период од три месеци, како и субвенција за плата за лицата кои ќе бидат обучени во износ од 19 илјади денари месечно во период од шест месеци. Вкупно средства кои може да ги искористи една компанија за да вработи невработено лице преку овие мерки за обука и субвенционирано вработување изнесува 132 илјади денари, информира Спасов.

Додаде дека како и за сите мерки, и за оваа мерка предвидени се средства за вработување на млади до 29 години. Така околу 30 проценти од средствата се планирани за вработување на млади лица преку овие две комбинирани мерки и да се постигнат околку 100 вработувања.

Овие мерки се спроведуваат од 2013 година и досега преку нив се вработени 660 лица.

44 милиони денари за обука и субвенционирано вработување