Би-Би-Си: Сомнежи за „местење“ на тениските мечеви на турнирите низ светот

18.01.2016 12:42

Во изминатите десет години, дури 16 тенисери од групата на 50 најдобри во светот, биле под сомневање и пријавени до специјалната единца за интегритет во тенисот (ТИУ) за тоа дека ги местеле своите натпревари.

Постојат доверливи документи со докази за нашироко раширените сомневања за местење на мечевите на врвните тениски турнири, вклучувајќу го и Вимблдон, тврди Би-Би-Си повикувајќи се на презентирани сознанија.

Во изминатите десет години, дури 16 тенисери од групата на 50 најдобри во светот, биле под сомневање и пријавени до специјалната единца за интегритет во тенисот (ТИУ) за тоа дека ги местеле своите натпревари.

Сите 16 играчи, за кои се вели дека межу нив има и победници на Гранд слем турнири, можеле и понатаму да се натпреваруваат.

Во соопштението на ТИУ, која се опишува како еден вид полиција во овој спорт, дадено за Би-Би-Си се вели дека нема да има никааква толеранција за никого во тенисот, доколку се открие корупција во белиот спорт, но претседателот на АТП (асоцијацијата на професионалните тенисери) Крис Кермод признава дека „местење„ во тенисот постои, за кое вели дека сепак е „исклучително малку“.