Државниот архив ја презеде личната архива на Симон Дракул

18.01.2016 12:45

Oд Државниот архив на РМ соопштија дека Фондот „Симон Дракул" го опфаќа периодот 1954-1999 година и содржи: лични документи, интервјуа, публикации, монодрами, романи, колумни и статии од дневниот печат и преписки...

Државниот архив на Република Македонија минатата година ја презеде личната архива на Симон Дракул - историчар, писател, преведувач, директор на МНТ, научен советник во Институтот за национална историја, претседател на Друштвото на писатели на Македонија, добитник на наградите „Кирил Пејчинович" и „Рациново признание".

Симон Дракул е автор на романи и збирки раскази...

Oд Државниот архив на РМ соопштија дека Фондот „Симон Дракул" го опфаќа периодот 1954-1999 година и содржи: лични документи, интервјуа, публикации, монодрами, романи, колумни и статии од дневниот печат и преписки; СЛОМ - книга на снимање од Живка Митровиќ по оригинално сценарио на Симон Дракул за Вардар филм, „Новогодишен фрагмент", „Триптих на есента со девојка", „Кажи му на каменот, сине", „Двајца по долината", „Горко лето", „Настан можеби последен", „Автономијата како општонароден македонски востанички идеал", „Реч на свечената академија во Берово по повод 100-годишнината на ВМРО", „Руските дипломатско-стратешки контроверзи околу македонското прашање во илинденските децении", „Апостол војвода - Ениџевардарско сонце", „Виулица", „Суд", „Смрта на конзулот", „Сениште в село", „Жедна месечина", „Ахримандритот Анатолиј Зографски и неговите начинанија на полето на народната просвета", „Преродба - општ поглед". Фондот „Симон Драгул" ќе се дополнува и во иднина.

Освен фондот „Симон Дракул" во Државниот архив се чуваат и лични фондови од многу македонски повоени писатели.