Поларна зима на американскиот исток

21.01.2014 19:17

Поларниот вортекс се враќа на источниот брег на Соединетите Американски држави. Во наредните неколку денови се очекуваат снежни врнежи и ниски температури во Балтимор, Филаделфија, Њујорк, Бостон и во главниот град Вашингтон. Сите федерални институции се затворааат пред да почне невремето. Дури и Белата куќа се подготвува за студеното време.

„Како што опаѓаат температурите, поларниот вортекс станува послаб, но се уште има сила. Се очекуваат ниски температури на југот од Америка и снежни врнежи долж источниот брег“ изјави Џон Холдрен-советник на Бела куќа за климатски промени

Во Вашингтон и околината има околу 13 илјади бездомници, но за сите нив нема место во засолништата.

„Жал ми е за луѓето коишто не се во засолништето. Тие се на улица и немаат каде да одат, а надвор е многу студено“ стравува еден бездомник.

Веќе се откажани над 2300 авионски летови, а се препорачува и внимателно возење на автопатот број 95 што ги поврзува Флорида со северот. Училиштата во Вирџинија, Пенсилванија, Њу Џерси, Конектикат, Западна Вирџинија и Кентаки се затворени.

Метеоролозите предвидуваат дека во наредните денови, температурата ќе се намали за 10 до 25 степени од вообичаените температури за овој дел од годината.

Ирина Гелевска-постојан дописник на МРТ од САД

Снимател: Ристо Мишев