Температури под нулата, сообраќајот без забрани и застои

20.01.2016 09:51

Се препорачува возачите да внимаваат особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, каде што се можни одрони.

Во Македонија изутрината беше многу студено, со температури кои се движеа од -18 до -5 степени. Најстудено беше во Берово со -18, -16 биле измерени во Маврово, а -14 во Крива Паланка, Лазарополе, Битола и Дебар. Два степена потопло било во Куманово, Крушево и Пожаране, додека најтопол град во бил Дојран само со -5 степени.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, наместа по влажни коловози. Поради ниските утрински температури, на повисоките планински и осојничави места можна е голомразица.

Се препорачува возачите да внимаваат особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, каде што се можни одрони.

Полетувањата и слетувањата на двата аеродрома во земјава се редовни.