Во транзитниот центар дневно се откриваат до 280 фалсификувани документи на бегалци

20.01.2016 10:00

Станува збор за државјани на Иран, Мароко, Пакистан, Бангладеш, Сомалија, кои не се дел од одлуката за селективен пристап за миграциски дозволи на државјаните од кризните жаришта од Сирија, Авганистан и Ирак.

Седум држави на ЕУ веќе го суспендираа Шенген договорот на одредено време. Од Брисел порачуваат дека нема да пропуштаат бегалци- самци, туку само цели семејства. Ова е резултат на зголемениот број напади врз жени во Германија, Австрија, Финска.

На Македонско- грчката граница, во транзитниот центар Вино-југ во Гевгелија, дневно откриваат до 280 фалсификувани документи на бегалците, изработени во Грција.

Станува збор за државјани на Иран, Мароко, Пакистан, Бангладеш, Сомалија, кои не се дел од одлуката за селективен пристап за миграциски дозволи на државјаните од кризните жаришта од Сирија, Авганистан и Ирак.

Расте бројот и на криумчарање на мигранти. Од 19-ти октомври, досега се откриени 27 случаи со над 200 шверцувани мигранти.