СДСМ денеска решава за натамошните чекори
20.01.2016 10:08
Лидерот на СДСМ Заев, веќе најави дека партијата нема да оди на избори, но за тоа денеска ќе се расправа во Централниот одбор.

Според најавите од СДСМ денеска опозициската партија треба да решава за натамошните чекори поврзани со политичката состојба во земјава. Лидерот на СДСМ Заев, веќе најави дека партијата нема да оди на избори, но за тоа денеска ќе се расправа во Централниот одбор.
Ќе се дискутира и за натамошното останување на министрите и дополнителните заменици од СДСМ во владата.
Вчера на состанокот на Вишеградската група во Прага на која што се разговараше за состојбата со мигрантите и европската помош за земјава, не беше присутен министерот за внатрешни Оливер Спасовски.
