Собор на Свети Јован Крстител
Свети Јован се одликувал со морална чистота. Меѓу сите пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да го покаже оној за кој прорекувал.

Православните христијани денеска го празнуваат празникот Собор на Свети Јован Крстител. Црквата утврдила овој празник да се прославува веднаш по празникот Богојавление.
Главната служба на Свети Јован, неговото главно дело, се состоела во подготвувањето на народот за доаѓањето на господ- бог Исус. Така, иако Свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот Собор односно главното празнување е денеска.
Свети Јован се одликувал со морална чистота. Меѓу сите пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да го покаже оној за кој прорекувал.
На Свети Јован во Охрид, традиционално се одржува манифестацијата Денот на рибарите.
Ќе се служи бесплатно рибја чорба, додека на посетителите ќе им понудена и пивтија, греана ракија и вино, придружени со звуците на староградските песни.
