Пакистан: Напад врз универзитет, убиени професор и студент

20.01.2016 10:25

Четворица од напаѓачите се убиени. Полицијата наведе дека уште напаѓачи се наоѓаат на вториот и третиот кат на универзитетот и судирот се уште трае.

Најмалку дваесет лица, меѓу кои професор и студент, се убиени, а над 50 се ранети во напад на Талибанците на универзитет на северозападот на Пакистан.

Четворица од напаѓачите се убиени. Полицијата наведе дека уште напаѓачи се наоѓаат на вториот и третиот кат на универзитетот и судирот се уште трае.

Се стравува дека напаѓачите држат заложници. Нападот почнал додека на универзитетот во тек била настава.

БИ-БИ-СИ потсетува дека пред неколку дена некои училишта во Пешавар биле затворени поради страв дека екстремистите подготвуваат напад.