Деир Ал-Зор: ИД ослободила дел од киднапираните цивили

20.01.2016 10:41

Според информациите, џихадистите истовремено заробиле околу 50 мажи во текот на рациите низ куќите на подрачјето кое го зазеле во текот на изминатите четири дена борби во Деир Ал-Зор.

Исламска држава ослободила 270 од вкупно околу 400-те цивили, главно жени и деца, киднапирани во текот на викендот кога нејзините борци извршија напад врз делови од сирискиот град Деир Ал-Зор, под контрола на сириската влада.

Според информациите, џихадистите истовремено заробиле околу 50 мажи во текот на рациите низ куќите на подрачјето кое го зазеле во текот на изминатите четири дена борби во Деир Ал-Зор.

Ослободените цивили ќе останат во селата под контрола на ИД во провинцијата Деир Ал-Зор, која ја поврзува престолнината на ИД, Рака, со територијата која џихадистите ја контролираат во Ирак.