Во Исланд пристигнаа првите бегалци

20.01.2016 12:10

Бегалците ќе живеат во три општини во близина на главниот град...

Исланд денеска им посака добредојде на првите сириски бегалци што пристигнаа во земјата. Групата од шест сириски семејства на аеродромот во Рејкјавик ја пречека премиерот на земјата, кој изрази желба тие да се чувствуваат како дома.

Бегалците ќе живеат во три општини во близина на главниот град. Се очекува наскоро во земјата да пристигнат уште четири бегалски семејства.