Македонија прва во Европа според можностите за интернет во сместувачки капацитети

20.01.2016 12:33

Истражувањето покажало дека во земјава процентот на вакви сместувачки капацитети изнесува 97,2%, што е над просекот во Европа од 65%.

Земјава е убедливо прва во Европа според можностите за пристап до интернет, како услуга што им се нуди на туристите и патниците во соби за сместување, што се нудат преку интернет порталот „Hometogo“.

Истражувањето покажало дека во земјава процентот на вакви сместувачки капацитети изнесува 97,2%, што е над просекот во Европа од 65%.

Истражувањето било спроведено во 44 европски земји при што било утрвдено дека во Македонија, Србија и во Белорусија, кои се второ и трето рангирани имаат можност за интернет врска во 19 од 20 соби.

Според ова истражување источно европските земји се многу поопремени од западноевропските и се рангирани на првите 11 позиции.