Расте бројот на загинати во нападот на универзитетот во Пакистан
Најголемиот од загинатите во нападот на универзитет во Пакистан се студенти. Полицијата објави дека е завршена операцијата против напаѓачите. Убиени се четворица...

Најмалку 21 лице, од кои најголемиот број студенти се убиени, а над 50 се ранети во напад на универзитет на северозападот на Пакистан. Нападот почнал додека на универзитетот во тек била настава. Полицијата соопшти дека операцијата против напаѓачите е завршена.
Би-би-си пренесува дека се убиени четворица напаѓачи. Во првичната престрелка со полицијата биле убиени двајца, а подоцна на покривот од универзитетот со снајпер биле убиени уште двајца.
Повеќето жртви биле убиени во студентскиот дом на универзитетот за момчиња. Агенциите претходно јавија дека меѓу убиените е и еден професор. Полициски извори наведуваат дека универзитетот бил нападнат непосредно по отворањето во утринските часови.
„Слушнавме пукање во задниот дел на универзитетот. Помисливме дека некои луѓе се тепаат. Потоа истрелите се засилија. Веднаш потоа избегавме во собите. Набрзо се појавија безбедносните сили кои покажаа голема храброст“, сведочи еден студент.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. Командантот Омер Менсур изјави дека четворица нивни самоубијци го извеле нападот. Би-би-си потсетува дека пред неколку дена некои училишта во пешавар биле затворени поради страв дека екстремистите подготвуваат напад.
Во декември 2014 година во напад на училиште во печавар, талибаните убија повеќе од 150 луѓе, од кои поголемиот дел деца.
Марина Автовска
