Раскинат договорот за „Јужен тек“

20.01.2016 12:53

Се потврди ставот на рускиот претседател Путин кој во декември лани најави дека нема да се оствари оваа гасоводна траса, која што преку еден крак требаше да транспортира и да испорачува гас во Македонија.

И официјално раскинат договорот за рускиот транснационален гасовод „Јужен Тек“. Управниот одбор на енергетскиот гигант Газпром одлучи проектот да не се  реализира.

Се потврди ставот на рускиот претседател Путин кој во декември лани најави дека нема да се оствари оваа гасоводна траса, која што преку еден крак требаше да транспортира и да испорачува гас во Македонија.

Од македонската влада веке соопштија дека постојат алтернативи за реализација на снабдувањето со овој евтин, економски енергенс.