Поставен камен темелник за нова крстилница во Општина Аеродром

20.01.2016 13:05

Ктитор и на црквата и на крстилницата е познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец.

Поставен камен темелник за крстилница во црквата Свети Јован Крстител во скопската населба Ново Лисиче во Општина Аеродром.

Ктитор и на црквата и на крстилницата е познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец.

Повод за изградбата е Собор на Свети Јован Крстител, денешниот празник кој се одбележува веднаш по Богојавление.

На површина од 130 метри квадратни крстилницата ќе има повеќе простории, меѓу кои и просторија за продажба на сувенири, икони и свеќи.

Крстилницата, според ктиторот Чифлиганец треба да биде пуштена во употреба најдоцна до 20 јануари наредната година