Дигитализирани над 340 илјади документи- вредно културно наследство

20.01.2016 13:43

Според министерката за култура Канческа- Милевска, Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство ја следи предвидената динамика, годишно се дигитализираат околу 70 илјади материјали.

Повеќе од 340 илјади документи од нашето вредно културни наследство се дигитализирани. Најголем дел се материјалите од Националниот конзерваториски центар, како и од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.

Според министерката за култура Канческа- Милевска, Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство ја следи предвидената динамика, годишно се дигитализираат околу 70 илјади материјали.

Најголем број од дигитализираниот материјал е од матичната установа за заштита на културното наследство, Националниот конзерваторски центар-Скопје. Дигитализирани се повеќе од 270.000 примероци на техничка, дескриптивна и фотодокументација на НКЦ, повеќе од 30.000 примероци од фондовите на Конзерваторскиот центар - Скопје, како и 37.000 примероци од документацијата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.