Реакции

Реми кое боли: Манасков ја расплака Србија

20.01.2016 15:06

Манасков ја расплака србија, неверување во србија со голот постигнат во последните две секунди пред завршувањето на мечот, со што отпадна српската ракометна репрезентација од наредната фаза на Европското првенство во Полска. Реми кое боли, драматичен натпревар и катастрофа за Србија, се коментарите кои ги пренесува нашиот дописник Оливер Бранковиќ...

Дали е гол? Леле, Леле... Вака синоќа коментаторот на РТС го заврши преносот од мечот со Македонија, со кој Србија не изгуби, но се прости од Европското првенство во ракомет. Српската јавност со големо интересирање го следеше натпреварот, кој и за тимот на Србија беше последна можност да се квалификува во наредната фаза од европското првенство во ракомет.

И реакциите во медиумите беа слични. Од  РТС која констатира деке ремито боли, до Курир- кој одеше со насловот „Катастрофа за Србија“, драма во последната секунда и Б-92 која објави дека голот на Манасков ја расплака Србија. Речиси сите наслови беа во насока дека тоа бил исклучително драматичен натпревар.

И реакциите кај самите граѓани беа слични:

„Драматично, мене за малку шлог ќе ме удреше!“

„Несреќна околност. 10 секунди и Македонците ги добија...“

Тоа е спорт и мене ми е драго што тимовите од бивша Југославија водеа една вистиска спортска војна- изјави по натпреварот селекторот Дејан Периќ, кој воедно им честиташе на македонските ракометари. И ракометарот Жарко Шешум со слична констатација- Тие се искусна екипа, направија вишок и ни дадоа гол. Секој чест-порача Шешум!

Српскиот тим се враќа дома, а спортската јавност ќе продолжи да ги следи натпреварите на нашите ракометари- исто како пред 4 години во Белград кога навиваа и за нас.

 

Оливер Бранковиќ, посотјан дописник од Белград за МРТ