Бејли: Ги повикуваме сите партии да учествуваат на изборите

20.01.2016 15:47

Времето е кусо, ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите. Тоа е најдобриот пат за унапредување на институциите и обезбедување веродостоен процес, вели американскиот амбасадор во земјава...

Амбасадорот на САД во земјава Џејс Бејли  денеска на својот Tвитер профил објави порака со која ги повика сите партии да учествуваат на претстојните предвремени парламетарни избори.
 
Имплементацијата на Договорот од Пржино е од суштинско значење за продлабочување на евроатлантската интеграција на Македонија, што САД силно ја поддржуваат. Оставката на премиерот е значаен чекор во тој процес, исто како и кредибилни избори. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме подготовките за изборите, вклучувајќи ја и работата на ДИК, како и реформите во сферата на медиумите и други области. Времето е кусо, ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите. Тоа е најдобриот пат за унапредување на институциите и обезбедување веродостоен процес. САД ќе го набљудува прогресот во рамки на овој процес и ќе ги направи своите проценки како што тоа ќе го сторат и ЕУ, ОБСЕ и други тела, вели  амбасадорот Бејли во својата порака.