Квалитетниот кадар - основа за економски развој

21.01.2016 10:27

Странските инвеститори бараат и квалитетни работници. Во Југозападниот регион, сѐ повеќе се бара персонал од техничката област. Факултетот од Битола ги унапредува наставно- научните програми, за зголемување на интересот кај младите за овие науки...

Новото време бара и создавање нови профили на високонаучен кадар. Неминовно е да го започнеме процесот на менување на наставно научните планови и програми  во средно стручните училишта и факултетите за да се зголеми интересот кај младите за изучување на техничките науки, кои се столбот на развојот на стопанството. Тоа го докажува и праксата во развојот на економијата кај светските веле сили, велат експертитите.

„Тоа најдобро се чувствува во Кина, замјата која има најголем економски раст- основата ја има во техничките науки и модерната технологија. Сето тоа таму е зачнато во високообразовните институции како што кај нас е Техничкиот факултет“, вели проф. д-р Константин Петковски.

По напливот на странските инвестиции потребата од млад инжинерски кадар постојано се зголемува. 

„Нема ден, а да не дојде некој претставник на фирма да не праша за да му препорачаме квалитетен кадар што излегол од факултетот или некој добар студент што е при крај со студиите“, вели деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Стојанчо Нусев.

На најстарата институција на Битолскиот универзитет успешно вклучување во современите текови на техничките науки и достигнување му овозможува и богатото „си-ви“ кога се во прашање иновативните достигнувања и соработката со државниот фонд.

„Несомнено е дека најиздржаните апликанти за иновативни проекти ќе ги најдат на нашиот факултет. Тоа се млади кадри што аплицираат на најразлични гранки од техничките науки“, вели продеканката по настава проф. д-р Верица Данчевска.

Опременоста, квалитетниот наставно- научен кадар и широкиот спектар на студиски програми се добра основа за институцијата која одбележува 55 години постоење и понатаму да произведува кадри кои одлично ќе котираат на пазарот на трудот и со своето знаење ќе придонесат во економскиот развој на државата.

 

Стевче Митревски