ММФ предвидува раст од 3,4% на македонската економија во 2016-та
Предвидувањата на Меѓународниот Монетарен Фонд за економскиот раст во 2016-та е речиси ист како и предвидувањата на Светска Банка. Македонија се очекува да има економски раст од 3,4 проценти во 2016-та. Бегалската криза, конфликтот на Блискиот Исток, паѓањето на ценатата на нафтата и нестабилноста на кинеската валута ќе имаат негативно влијение на економијата во 2016-та...

Меѓународниот Монетарен Фонд предвидува економски раст од 3,4 проценти во 2016-та и 3,6 отсто во 2017-та. Според најновиот економски преглед на ММФ, растот и натаму ќе биде недоволен и нерамномерен. Македонија и земјите во развој во Европа ќе имаат економски раст од 3,1 до 3,4 отсто. Бегалската криза во Европа, ќе влијание негативно на економиите на земјите во кои пристигнуваат бегалците од Сирија и Ирак, предвидуваат од ММФ. Затоа ова се очекува да биде главна тема на економскиот форум во Давос, Швајцарија.
„Миграцијата и бегалската криза беа земени во предвид во псоледниот економски преглед. За ова ќе биде дополнително разговарано во Давос. Меѓународниот Монетарен Фонд издаде и анализа за влијанието на миграцијата и бегалската криза, посебно со осврт за економскиот раст во Европа“, изјави Гери Рајс, директор за комуникации на ММФ.
Цената на нафтата и натаму ќе опаѓа. Во 2016-та не се очекува значителен раст на нафтата. Ќе паѓа и цената на металите и други материјали. Конфликтот на Блискиот Исток ќе го намали економскиот раст на државите во регионот. Ситуацијата во Грција според ММФ и натаму е загрижувачка. Руската економија ќе продолжи да се адаптира на санкциите. Нестабилноста на кинеската валута ќе го намали економскиот раст во оваа земја.
Од Меѓународниот Монетарен Фонд велат дека 2016-та ќе биде интересна. Најголеми проблеми и натаму остануваат кризата во Грција, долгот на Украина и туболенциите со валутата на Кина.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
