Попоски и Бесими денеска во Брисел

22.01.2014 08:32

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски, денес се во работна посета на Брисел. Ќе се сретнат со претставници на институциите на Европската унија.

За време на посетата ќе имаат заедничка средба со еврокомесарот за проширување  Штефан Филе.

Тема на разговорот е напредокот во исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо нив. Се очекува да се разгледаат и перспективите на евроинтегративниот процес на Македонија во 2014-та.

Вицепремиерот Бесими ќе се сретне и со известувач на Европарламентот за Македонија, Ричард Ховит, кого ќе го информира за последниот напредок во клучните реформски области, како што се владеењето на правото, слобода на медиумите и во јавната админстрација.