Синај: Џихадисти убија петмина египетски полицајци
21.01.2016 10:55
Полициски единици почнаа потрага по напаѓачите. За претходните слични напади во Синај одговорност преземаше локалниот огранок на „Исламска држава“.

Најмалку пет египетски полицајци се убиени во вооружен напад во близина на главниот град на египетска провинција Синај. Меѓу жртвите има и тројца офицери. Други петмина полицајци се повредени во нападот извршен доцна синоќа.
Полициски единици почнаа потрага по напаѓачите. За претходните слични напади во Синај одговорност преземаше локалниот огранок на „Исламска држава“.
Екстремистите нагло ја засилија терористичката дејност таму откако војската го собори од власт претседателот исламист Мохамед Мурси, во текот на летото на 2013 година.
