Тунис: Полицаец загина во протестите против невработеноста

21.01.2016 11:09

Најмасовен беше протестот во градот Касерин во централниот дел на земјата. Повод за демонстрациите беше самоубиството на локален маж, кој откако се пријавил на конкурс за работно место, бил одбиен.

Еден полицаец загина во жестоките судири меѓу силите на редот и демонстрантите кои бараат работни места во повеќе градови на Тунис. Најмасовен беше протестот во градот Касерин во централниот дел на земјата. Повод за демонстрациите беше самоубиството на локален маж, кој откако се пријавил на конкурс за работно место, бил одбиен.

„Како граѓани на префектурата Касерин бараме вработување и национално достоинство“, вели еден демонстрант.

Во обид да ги намали протестите, владата објави дека ќе изготви планови за ангажирање на над 6.000 млади невработени во градот Касерин во градежни проекти во регионот.