Лавров и Кери се договорија за Сирија
21.01.2016 11:11
До крајот на јануари треба да почнат преговорите меѓу противставените страни во конфликтот, од кои ќе биде исклучена Исламската држава.

Рускиот весник „Парламентарнаја газета“ објави дека по средбата на двајцата дипломати на САД и Русија- Сергеј Лавров и Џон Кери во Цирих има добри вести за решавање на воениот конфликт во Сирија.
До крајот на јануари треба да почнат преговорите меѓу противставените страни во конфликтот, од кои ќе биде исклучена Исламската држава.
Според Лавров, Русија е подготвена со Вашингтон да ги координира своите дејствија во Сирија за хуманитарните прашања и борбата против терористите.
Според него, многу е важна практичната реализација на заедничките активности и заедничката поддршка при борбата со Исламската држава.
