Силен земјотрес во централниот дел на Кина
21.01.2016 11:14
Засега нема информации за жртви во потресот којшто се случил на длабочина од 10 километри во областа Сингхај, но оштетени се десетици куќи.

Земјотрес со сила од 6,4 степени по Рихтер го погоди централниот дел на Кина. Засега нема информации за жртви во потресот којшто се случил на длабочина од 10 километри во областа Сингхај, но оштетени се десетици куќи.
Нормално функционираат и телефонските линии во градот Менјуан во кој живеат околу 150 илјади луѓе.
Очевидците велат дека многу жители кои ги напуштиле своите домови во моментот на земјотресот ја минале ноќта во своите автомобили и покрај температурата од минус 20 степени целзиусови.
