Од почетокот на 2016-та издадени речиси 36 илјади потврди за азил

21.01.2016 11:30

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-17.922, Авганистан-11.448 и Ирак-6.544.

Во изминативе 24 часа не се издадени потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 35.917 странски државјани, од кои 15.106 се од машки пол, 7.726 се од женски и 12.984 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-17.922, Авганистан-11.448 и Ирак-6.544.

Во истиот период до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.