Се пропуштаат беглаци од Сирија, Ирак и Авганистан кои одат за Германија и Австрија

21.01.2016 12:52

Услов за влезот и транзитот на бегалците е однапред да се изјаснат и да потпишат во транзитните дозволи дека ќе бараат азил во Австрија или во Германија.

Од изутрината повторно се пропуштаат бегалците од Сирија, Ирак и од Aвганистан на јужната македонска граница, кај Гевгелија. Услов за влезот и транзитот на бегалците е однапред да се изјаснат и да потпишат во транзитните дозволи дека ќе бараат азил во Австрија или во Германија.

Во меѓувреме, се повеќе информации пристигнуваат од Австрија и од Словенија, за затворање на границите за бегалците, по временото суспендирање на договорот за слободен проток на луѓе низ Европа.

Од јужната македонска граница информираат дека немаат никаква комуникација со грчката страна и дека на самиот терен на железничкиот премин Сеово не може да се забележат грчките власти.