Започнува Светскиот економски форум во Давос
Економското закрепнување, растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните, конфликтот во Сирија, климатските промени и кризата во Украина ќе бидат главна тема на Светскиот економски форум, што почнува денеска во Давос, Швајцарија.
Ова е 44-ти по ред Форум во елитниот швајцарски ресорт на Алпите, кој ќе трае до 25 јануари и традиционално, ќе ги собере светските политички и бизнис-лидери.

Во Давос се очекува да се соберат повеќе од 40 шефови на влади, вклучувајќи ги австралискиот премиер Тони Абот, кој претседава со групата Г20, бразилската претседателка Дилма Русеф, британскиот и јапонскиот премиер, Дејвид Камерон и Шинзо Абе.
Во Давос нема претставници од поранешните Југословенски републики. Од регионот се присутни само претставници од Грција и Бугарија.
Присуството на настанот е само на повик на организаторот.
Собирот се опишува како независна меѓународна организација која ги унапредува состојбите во светот и помага во обликување на глобалните и економски агенди.
За безбедноста на присутните оваа година се активирани 3.000 војници.