Видео- запис за Мајка Тереза за лицата со посебни потреби

21.01.2016 13:17

Продолжува грижата за лицата со посебни потреби, вели министерката за култура Канческа Милевска.

Претставен видео записот за животот и делото на македонската хуманистка Мајка Тереза, преку толковен јазик за лицата со оштетен слух и говор. Продолжува грижата за лицата со посебни потреби, вели министерката за култура Канческа Милевска.

Оваа презентација ќе овозможи овој Спомен-дом да стане ново свратилиште за лицата со оштетен слух во кое запознавајќи се со високите морални вредности, со сето она што Мајка Тереза му го подари на човештвото, ќе ја надградуваат сопствената едукација и активно ќе се интегрираат во нашето културно и општествено живеење, рече министеркатаКанческа-Милевска.

Преку овој проект сите заинтересирани ќе може да се запознаат со она што зад себе го остави Гонџа Бојаџиу, која што годинава, според најавите од Ватикан, треба да биде прогласена за светица. 

Авторка на проектот е Цветанка Вучковска, кустос-водич во Спомен-домот на Мајка Тереза која на презентацијата рече дека идејата била на сите посетители на музејот да им ја претстават животната приказна на Мајка Тереза. Посочи дека лесно комуницираат со посетители од целиот свет, освен со лицата со оштетен слух со кои, како што рече, имале бариера во комуникацијата.