Шампионот ја отвора втората фаза
Иако французите не делуваат моќно како во изминатите години во кои ги обединија европската ,светската и олимписката титула,сепак влегуваат како големи фаворити против селекцијата на Белорусија која го бележи четвртиот настап на еврошампионатите...

Со натпреварот меѓу актуелниот европски шампион Франција и селекцијата на Белорусија денеска во Краков почнува втората фаза на европското ракометно првенство во Полска.
Иако французите не делуваат моќно како во изминатите години во кои ги обединија европската ,светската и олимписката титула,сепак влегуваат како големи фаворити против селекцијата на Белорусија која го бележи четвртиот настап на еврошампионатите.Во првата фаза го изненадија и го испратија дома Исланд со победата од 39-38,но во втората фаза по поразите од Хрватска и Норвешка влегоја без бодови ,додека Франција пренесе 2 по ппобедата над Македонија и поразот од домаќинот Полска.
Првиот натпревар од втората фаза ќе биде одигран од 18 часот и 15 минути како вовед во балканското дерби меѓу селекциите на Македонија и Хрватска што ќе почне од 20 часот и 30 минути.
Двете средби македонската телевизија ќе ги пренесува на првиот програмски сервис како дел од специјалната емисија посветена на европското првенство.
