Путин најверојатно го одобрил убиството на Литвиненко?
21.01.2016 13:43
Литвиненко почина на 43 години во Лондон 2006 година, неколку денаоткако беше отруен со радиоактивен полониум кој му бил подметнат во чај.

Би-би-си јавува дека британската истрага која почна во јануари 2015 покажува дека убиството на поранешниот шпион Александар Литвиненко најверојатно го одобрил рускиот претседател Владимир Путин, најверојатно поради долгогодишна одмазда.
Литвиненко почина на 43 години во Лондон 2006 година, неколку денаоткако беше отруен со радиоактивен полониум кој му бил подметнат во чај.
И руските медиуми пренесоа дека британската истрага покажала дека за убиството на Литвинеко се одговорни највисоки руски официјални лица, но не го споменуваат името на Путин.
