Брисел: Две лица уапсени поради нападите во Париз
21.01.2016 13:45
Осомничените биле приведени во текот на полициска рација во бриселската населба Моленбек, каде што и претходно биле приведувани исламски екстремисти.

Две лица беа уапсени денеска во брисел поради сомневање дека учествувале во организација на ноемвриските терористички напади во Париз во кои загинаа 130 луѓе.
Осомничените биле приведени во текот на полициска рација во бриселската населба Моленбек, каде што и претходно биле приведувани исламски екстремисти.
Во претресот не е пронајдено оружје ниту експлозив.
