Величковски на состанок на ВК на НАТО во Брисел
Главна тема на состанокот е моменталната безбедносна состојба и разгледување на плановите за реализација на мисијата во 2016-та...

Во Брисел состанок на Воениот комитет на НАТО, на кој учествуваат началниците на генералштабовите на земјите- членки на алијансата и на земјите контрибутори во мисијата „Одлучна поддршка“.
Главна тема на состанокот е моменталната безбедносна состојба и разгледување на плановите за реализација на мисијата во 2016-та.
Началникот на генералштабот на АРМ Генерал- потполковник Методија Величковски, кој за првпат од неговото поставување на должноста учествува на состанокот, истакна дека Македонија останува посветена во изградбата на мирот и стабилноста во Авганистан, кадешто АРМ учествува со повеќе штабни офицери и друг воен персонал.
