Метео: Ниски температури и за викендот

21.01.2016 13:52

Најстудено ќе биде во сабота наутро со минимална температура која на места ќе се спушти на -19 степени...

Утре во Македонија се очекува сончево и студено време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер особено во источните делови и долж Повардарието.

Температурите остануваат пониски и во текот на викендот, а најстудено ќе биде во сабота наутро со минимална температура која на места ќе се спушти на -19 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска