70% од докторите кои биле на едукација во странство научиле нова метода
70 отсто од докторите кои биле на едукација научиле некоја метода која претходно не ја работеле односно или тие не ја работеле или не се работела во јавната здравствена установа во која работат или воопшто не се работела во државата, изјави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.

Продолжува едукацијата на медицинскиот кадар во странство. Годинава илјада здравствени работници ќе се образуваат во странство, од кои 800 се лекари.
70 отсто од докторите кои биле на едукација научиле некоја метода која претходно не ја работеле односно или тие не ја работеле или не се работела во јавната здравствена установа во која работат или воопшто не се работела во државата, изјави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.
Главно докторите од универзитетските клиники кои одат на едукација во странство воведуваат методи кои досега не се работеле во државата, а за разлика од нив докторите кои работат во останатите здравствени установи-клинички и општи болници се едуцираат за методи кои можеби се работат на некоја клиника или во некоја друга здравствена установа, но не се работеле во нивната ЈЗУ.
Покрај едукациите во странство,министерот Тодоров соопшти дека Министерството за здравство е фокусирано и на специјализациите во странство, како можност за стручно доусовршување на докторите во врвни странски медицински центри.
Во Загреб во тек се 7 специјализации и 2 субспецијализации во делот на државната кардиохирургија, дополнително во тек е постапка за уште една специјализација, додека во Белград веќе се почнати 5 специјализации. Во тек е постапката за уште 10 за кои веќе пристигнуваат решенија за започнување на специјализација.
