Еврокомесарот Хан на 2-ри февруари доаѓа во Скопје

21.01.2016 15:09

Според Хан- конструктивна соработка на сите партии е единствениот пат за да се обезбедат фер и демократски избори.

Добредојдени се првите чекори преземени од страна на опозицијата да остане вклучена, напиша еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер. Потсети дека сериозни напори треба брзо да направат владеjачките партии за избирачкиот список, Државната изборна комисија и реформите во медиумите.

Според него конструктивна соработка на сите партии е единствениот пат за да се обезбедат фер и демократски избори.

Хан најави дека на 2-ри февруари повторно ќе дојде во Скопје за заедно со меѓународната заедница да го прегледаат напредокот во подготовките за изборите.