Ќе се реновира блокот А во домот „Гоце Делчев“
Откако целосно беше реновиран блокот Б во студентскиот дом „Гоце Делчев“, избрана е фирма која што ќе го реновира и блокот А. Ова значи дека од наредната година, студентите ќе имаат подобри услови за учење и за престој.

Повеќе од 300 студенти живеат во новото, реновирано крило на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Дотраeниот инвентар е заменет со нов – сега испитите ги подготвуваат во современата библиотека.
„Во библиотеката има за секого место, има вработени таму. Се е супер, изолацијата пред се, има добра топлинска изолација, и интернет пред се- нешто што е најпотребно за нас студентите“, вели студентот Крсте Илиевски.
„Во стариот блок беше премногу ладно, прозорите беа дотраени. Сега има нови прозорци, парното е обновено, па доста подобри услови има за учење и за живот“, додава студентот Александар Захариев.
За реновирање на овој блок се потрошени 85 милиони денари.
Откако целосно беше реновиран блокот Б во студентскиот дом „Гоце Делчев“, избрана е фирма која што ќе го реновира и блокот А. Ова значи дека од наредната година, студентите ќе имаат подобри услови за учење и за престој.
Заменик-министерот за образование Ристовски ги посети студентите и најави дека реновирањето ќе продолжи и во прeостанатите блокови и мензата. За другите два блока во тек е изработката на проектното решение.
Овој студентски дом ќе биде и еден од десетте во кој ќе се изградат пералници за алишта, дел од новите мерки за младите.
„Со најавата за групни перални и сушални во студентските домови се постигнува уште еден дополнителен стандард, каков што има во западноевропските земји. МОН ќе ги преземе сите потребни активности за овој проект“, рече заменик министерот Спиро Ристовски.
Ристовски информира дека е во завршна фаза нацрт- проектот за изградба на студентскиот дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како Медицинар. Во наредниот месец до Министерството треба да стигне проектот за изградба, по што ќе биде распишан јавен повик за фирма изведувач.
Анита Димитријевска
