Судот во Стразбур со две пресуди кои се однесуваат на Македонија
Европскиот суд за човекови права во стразбур со две пресуди кои се однесуваат за Македонија. За убиството на Мартин Нешковски не бил прекршен членот 2 од Конвенција за човекови права. Сепак, за случајот на лустрираниот судија, Трендафил Ивановски, имало повреда Конвенцијата...

Во еден ден се донесени две многу очекувани пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Република Македонија.
Првата се однесува на убиството на Мартин Нешкоски, додека втората за постапката за лустрација на поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.
Во предметот за убиството на Мартин Нешкоски, Европскиот суд за човекови права смета дека нема повреда на членот 2 од Европската конвенција за човековите права, во смисла на право на живот. Судот притоа смета дека нема потреба да се разгледува жалбата според членот 13 од конвенцијата во смисла на ефикасен правен лек, односно ефективна истрага.
Овај предмет беше поднесен од мајката на Мартин Нешкоски, Ленка Нешкоска.
Повикувајќи се на домашниот судски процес против полицаецот Игор Спасов, Судот истакнува дека за убиството на Нешкоски имало судски процес, кој резултирал со изречена 14 – годишна казна затвор за Спасов.
Во предметот Ивановски против Република Македонија, Европскиот суд за човекови права смета дела оваа постапка била неправедна.
Судот оценува дека нема кршење на членот 6 на Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на правото на правично судење, ова во делот кој се однесува на пристапот на жалителот до судот.
Судот од Стразбур, сепак смета дека има кршење на членот 6 поради недостиг на глобална правичност во процедурата на лустрацијата, и кршење на членот 8, односно правото на приватен и семеен живот.
Република Македонија, според прсеудата треба да му исплати на жалителот Трендафил Ивановски, 4.500 евра за морална штета и 850 евра за судски трошоци.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
