Брза и ефикасна реализација на проектот „Купи куќа за млади“

21.01.2016 17:08

Проектот „Купи куќа за млади“ треба брзо и ефикасно да се реализира – велат од владејачката партија. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека треба да им се помогне на младите и со субвенции за комуналии. Државната помош преку овој проект е неповратна...

Локалната и централната власт ги разгледуваат предизвиците кои стојат пред прокетот „Купи куќа за млади“ со цел брза и ефикасна реализација. Освен субвенции за рати или за учество, шест типски проекти кои можат да ги симнат од интренет на надлежните, проблем постои кај локациите и комуналиите кои посебно во Скопје се високи. Владејачката партија смета дека треба да се дадат субвенции и за плаќање комуналии.

„Ова е неповторлива можност за граѓаните на Република Македонија, за народот, за младите до 35 години. Прашање е кога во иднина ќе има ваква можност. Тие тоа го знаат, тука не смееме да ги изневериме. Имаат реални очекувања, знаат дека ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија тоа што го ветува- го исполнува. Верувам дека многу од Вас знаат какво е чувството да се нема сопствен дом. Сите ние сме биле млади, сме имале периоди кога сме размислувале за проширување, купување на куќа... луѓето очекуваат од нас“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Со проектот „Купи куќа“ за младите до 35 години без оглед дали се во брак или сами, ќе имаат можност преку два модела да добијат неповрати средства за да си го решат станбеното прашање. Првиот модел предвидува исплаќање на субвенции на месечната рата во период од 11 години. Државата покрива 80 % од ратата во првите 8 години и 50% во следните три години. Преку вториот модел целосно се покрива учеството за кредитот за стекнување куќа.

„Во сите општини каде што има подрачни единици на УИПР и УЈП, да отвориме канцеларија каде што вработените ќе им даваат на граѓаните информации. не да биде само караванот- тој ќе биде еден ден во вашиот град, во општината, но добро е да се има и постојана канцеларија таму кај што имаме подрачни единици, за граѓаните да можат секојдневно да се информираат“, предложи министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Субвенцијата е неповратна, а имотот за време на поддршката од државата не смее да се оттуѓува.  Со амандманските интервенции, проектот се прошири  и за лицата кои наполниле 35 години. Ќе  може да аплицираат и оние кои имале стан или куќа на свое име, но во последните три години ги оттуѓиле за купување на поголем дом.

 

Наташа Јанчиќ