Далноводот кон Србија ќе биде пуштен во употреба

22.01.2016 10:02

Во овој капитален енергетски проект долг 70 километри, Македонија инвестираше над 11 милиони евра.

МЕПСО денеска ќе го пушти во употреба 400 киловолтниот далновод, што ги поврзува електропреносните системи на Македонија и на Србија.

Во овој капитален енергетски проект долг 70 километри, Македонија инвестираше над 11 милиони евра.

На свеченото  пуштање  во употреба ќе  присуствуваат и генералните директори на МЕПСО и на Електростопанството на Србија, Синиша Спасов и  Бранко Шумоња.