Рекордно производство на „Шпиље“ и „Глобочица“

22.01.2016 10:06

Во ХЕЦ „Шпиље“ лани биле произведени 314 милиони киловат часови електрична енергија, што е за околу пет насто повеќе од планот, додека „Глобочица“ испорачала за 17 насто повеќе од годишниот план, односно 227 милиони киловат часови.

Хидроцентралите „Шпиље“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, лани забележале рекордно производство. Според ЕЛЕМ, тоа е резултат на поволната хидрологија на ова сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, како и навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашинската опрема.

Во ХЕЦ „Шпиље“ лани биле произведени 314 милиони киловат часови електрична енергија, што е за околу пет насто повеќе од планот, додека „Глобочица“ испорачала за 17 насто повеќе од годишниот план, односно 227 милиони киловат часови.

Во акумулациите Дебарско Езеро и Глобочица има резерва на вода за производство на 22, односно 20 милиони киловат часови електрична енергија. Просечниот доток во акумулациите изнесува 110 кубни метри вода во секунда, што овозможува работа на двата објекта со полн капацитет.